БЕЗБЕДHA ЛИ Е ВОДАТА ВО СКОПЈЕ: Мицковски го повика Заев да се напие чаша вода од чешма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Ќе се напие ли некој министер или тие од фирмата задолжени за отпадот од Охис чаша вода, да објасни колку е чисто и безбедно, пошто поинаку народов не верува. Ајмо Фукушима, на народов му пука трпение од општава хаварија, пишува Ивор Мицкоски на Фејсбук.

Ќе се напие ли некој министер или тие од фирмата задолжени за отпадот од Охис чаша вода, да објасни колку е чисто и…

Posted by Ivor Mickovski on Friday, November 8, 2019

 

-6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС. Од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен. Со анализи надвор од земјава треба да се утврди колкави елементи на метил акрилат мономер имало во водата. Инспекцијата не може да потврди колку е ова опасно за граѓаните.

Постапувањето со овој опасен отпад, оставен во ОХИС како историски, е даден на фирмата Екоцентар 97 од Скопје да го извезе надвор од државава.

Интервенцијата и увидот на МВР, инспекциските служби, Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ, е како резултат на пријава од граѓани кои почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката и имале главоболки, печење во грлото и очите.

Прашање до сите надлежни, особено до Државниот инспекторат на животна средина: Зошто фирмата Екоцентар 97 не пријавила согласно протоколот по кој требало да постапува во случај на хаварија?

Хваријата на Арцерол Миттал беше пријавена од граѓани, кога Варадар пожолте, а не од одговорните во челичарата. Сега повторно граѓани пријавуваат зошто смрди, ги печат очи, грло, а не Екоцентар 97.

Граѓаните НЕ ТРЕБА да се тие кои треба да пријават хаварија која инволвира опасен отпад, токсични хемикалии, зошто ги гледаат, чувствуваат последиците од неа. Одговорните во фирмите, фабриките, погоните се тие кои треба ВЕДНАШ да пријават до сите надлежни.

Очекуваме НАЈВИСОКА казна за Екоцентар 97, една за хаваријата, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава. Воедно и проверка на начинот на кој работат, пишува на Фејсбук 02 иницијатива.

☣️ 6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС. Од Институтот за…

Posted by O2 Иницијатива on Friday, November 8, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This