БЕЗ ЗАKOНСКИ ПРОЦЕДУРИ: Во Чашка на kpиминaлен начин отворена нова албанска паралелка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Буквално нити едно од ветувањата на градоначалникот не е исполнето овде на локално ниво, рече денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој со кампањата „Разговори за обнова на Македонија“ денеска се сретна со жителите на Општина Чашка и ги слупна проблемите со кои тие мораат да живеат секојдневно.

 

    Немаме нити патишта, нити водоводи, нити канализации, можеби нереалните ветувања за базен и          спортски игралишта исто така не само што не се започнати туку воопшто не се ни планирани, потенцираше Јанушев.

 

Генералниот серетар на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека многупати во минатото кажале, па воопшто не ги изненадува ова,                            бидејќи, како што кажа, „сè за што ги бива овие од кпиминално pетарската банда на Заев е да лажат и ништо друго“.

 

 

Она што исто така значајно да се напомене за општина Чашка е обидот за манипулација со граѓаните со отворање на новата таканаречена албанска паралелка каде што на еден kpиминален начин нacилнички, како што само они знаат, пробуваат без воопшто да се донесе одлука на Советот на Општина Чашка односно воопшто да не дојде до гласање да протуркаат една идеа која може да биде само за дневна политика.

 

Имено учениците кои живеат во неколку села во околината на Чашка наместо да бидат упатени во најблиските училишта кои што се наоѓаат на помалку од 2 километри патување, тие се обидуваат на еден перфиден начин преку таканаречена злoyпотреба на децата да ги носат на повеќе од 7 километри во едно школо, без притоа да се запази нити една од законските процедури кои што нормално важат при вакви одлуки, рече Јанушев.

Тој ги повика граѓаните да ги кажат отворено своите проблеми.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ земаме обврска тие проблеми да ги забележиме и за истите да понудиме решенија во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Она што можам уште еднаш да напоменам е дека Зоран Заев паѓа, а Македонија почнува со обновата, порача Јанушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This