БЕЗ КОМЕНТАР: Лекapка од Кочани 11 дена чекала резултат од тестирање и одела на работа зapaзена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Позитивна на Ковид 19, лекарка-интернистка во Кочани цели 11 дена чекала резултати од тестирањето за кое не знаел никој во болницата. Таа преку матичен лекар добила упат за тестирање и за тоа време давала и дежурство. Резултатите биле дознаени во понеделникот навечер.

Александар Серафимовски, директор на Општа болница Кочани:

-Таа беше дежурна во саботата, а тројца колеги се испратени во самоизолација и ги чекаме нивните резултати. Не бевме известени дека правела тест и и беше наложено да достави писмен извештај до надлежните. Лекарката беше заштитена секогаш на смена и најмногу внимаваше.

Државниот здарвствено-санитарен инспекторат извршил вонреден надзор и ги утврдил датумите за тестирањето, а дополнително ќе прави надзор и како матичниот лекар издал упат за тест бидејќи станувало збор за асимптоматски случај.

Извештај на ДЗСИ:

-Лекарката била тестирана на 9-ти април, а резултатот е добиен на 20-ти април навечер. Во тој период лекарката била дежурна еднаш.

Извор: Телма

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This