Белгија официјално стабилизирана состојбата со Ковид-19, но здравството вели нивоата се превисоки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгија објави стабилизација на бројот новите случаи на коронавируси како и при хоспитализации на пациенти со КОВИД-19, но здравствените власти предупредија дека нивото е сè уште превисоко и опасно. Тие повторно повикаа на строго ограничување на контактите во затворен простор, каде што вирусот се шири полесно.

За Божиќ, владата го повика секое семејство да прими само еден гостин. Луѓето кои живеат сами можат да примат до двајца гости. Полицискиот час ќе биде во сила од полноќ до 5 часот.

Минатата недела Белгија имаше просечно по 2.100 нови случаи на ден, што е за 2 проценти помалку од претходната недела. Ова значи дека во пракса бројот на нови инфекции не е намален веќе две недели.

Во однос на приемите во болница, Белгија регистрира околу 200 хоспитализации дневно, иако бројот на зафатените легла е преполовен од почетокот на минатиот месец. Притисокот врз болниците останува голем, изјави портпаролот на белгиските здравствени власти Стивен ван Гухт.

До денес има вкупно 600.397 случаи на инфекција и 17.692 смртни случаи од КОВИД-19 во Белгија.

Веќе две недели има нов делумен карантин во земјата, но училиштата остануваат отворени. Ограничувањата беа ублажени, со продавници отворени на 1 декември за празничен шопинг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This