БЕСА на Касами се „занесе” со уставни измени: Бараат да се укине ветото на Претседателот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

БЕСА на Билал Касами преку предлози за уставни измени бара да се укине ветото на Претседателот на државата.

БЕСА на Касами до Владата испрати предлози околу уставните амандмани со кои бара Уставот да го оневозможи Претседателот на државата да ги блокира законите, кои се усвоиени по второ гласање во Собранието.

Тие сметаат дека член 75, став 3 и став 4 треба да се преформулира.

Според сегашната формулација Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.
Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Според Уставот, Претседателот е должен, по повторното гласање, да го потпише указот, но за тоа нема временски рок.

БЕСА сметаат дека со овој член му се даваат уставни надлежности на Претседателот кои не му припаѓаат, не земајќи предвид дека шефот на државата е биран директно на избори и има легитимитет од граѓаните.

Од БЕСА сметаат дека по второто гласање во Собранието на Република Македонија ако Претседателот на Републиката не го потпише указот за прогласување на законот во одреден временски рок од седум дена, тогаш Претседателот на Собранието на Република Македонија може да го потпише законот и да го упати на објавување во Службен весник на РМ.

Инаку од партијата на Касами бараат и други измени во Уставот. Според нив во делот на преамбулата, да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на рамковниот договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.

Бараат и службен јазик на цела територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи, покрај македонскиот, да биде и албанскиот јазик и неговото латинично писмо.

Партијата на Касами бара и во уставот да се допрецизира дека Македонија води грижа за своите граѓани кои живеаат надвор од територијата, еднакво за сите етнички заедници.

И послендиот предлог на БЕСА, испратен до Владата е и во уставот да се оневозможи претседателот на државата да ги блокира законите, кои се усвоени по второ гласање во Собранието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This