БЕСА ЈА ,,РАСПУКА“ НОВАТА ВЛАДА: Владата на Заев е полна со корупција и криминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА денеска од Собраниската говорница обвини дека владата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев е полна со корупција и криминал.

ibrahimi-640x387

Тој го праша Заев каква машина за перење има со која ги пере корумпираните и инкриминираните.

-Господине Зев, граѓаните сакаат да знаат зошто Катица Јанева досега нема покрената ниту една тужба за ниту еден висок експонент на ДУИ, туку таа се занимава со периферни лица од Кичево. Дали сте ги опростиле тие или таа нема доволно информации?, прашува Ибрахими.

Во низата прашања кои пратеникот на БЕСА ги постави до претседателот на СДСМ, тој праша и каква порака испраќа Заев денесска и дали од неговиот избор за влада произлегува дека луѓето можат да крадат, да бидат корумпирани и да прават што сакаат зашто на крај Заев би ги направил функционери и ќе им опростел.

-Ако вашиот партнер вчера ви го наметна името на првиот човек на Парламентот и ако денес ви ги наметна министрите со кривични досиеја, дали произлегува дека вашата влада е заробена од ДУИ?, праша Ибрахими, додавајќи дека на оваа партија никој не и верува, освен Заев.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This