April 27, 2024, 10:10 pm

БЕСА ЌЕ БОЈКОТИРА ВО ВТОР КРУГ: Албанската опозиција се подготвува за бојкот во втор круг – бараат претседателот да се бира во Собрание!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според движењето БЕСА, од каде денес го промовираа екс-амбасадорот Блерим Река како претседателски кандидат чија поддршка му ја дадоа и од Алијансата за Албанците, велат дека претседателската „и не е така моќна функција“ за да се бира на непосредни избори, и дека во вистинска демократија партиите би требало да го изберат претседателот во Собранието

Според Дервиш Алими од Движењето Беса, вистински консензус би бил – договорот за Претседател да се постигне во Парламентот меѓу партиите. Овој став, Алими го истакна во вечерашнат дебата на телевизијата „ТВ21“.

„Вистински консензус би било кога би се постигнал консензус во Парламент, со 2/3 мнозинство како што функционира во целиот свет. Северна Македонија е парламентарна држава и сега не можеме да губиме време и пари од Буџетот за една функција која и не е толку моќна“, изјави Дервиш Алими од Движењето Беса.

Ваквиот став ја отвара можноста за БЕСА и Алијанса за Албанците да промовираат бојкот на претседателските избори, но во вториот круг од гласањето.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This