БЕСМРТЕН ПОЛК ВО МАКЕДОНИЈА И ОВАА ГОДИНА: На 6-ти мај во Скопје ќе се одбележи Денот на победа над фашизмот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 6 мај оваа година во Скопје Амбасадата на Русија во Македонија и здруженија на руски сонародници во Македонија ќе одржат манифестација „Бесмртен полк“. Манифестацијата е традиционален настан кој се одржува во сите градови на Русија, како и надвор од земјата во рамките на одбележувањето на Денот на Победата над фашизмот и претставува чин на сеќавање и оддавање почит на сите херои-антифашисти кои загинале борејќи се за слободата и неазвисноста на своите земји и на целата Европа.


Оваа година во рамките на настанот се планира во Скопје да се постави „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат поставени портрети на учесници на антифашистичкото движење. Ги покануваме сите кои не се рамнодушни кон меморијата за хероите кои се бореле против фашизмот да земат учество во создавањето на “Ѕидот на сеќавање” и на тој начин заедно на сите за да им потсетиме на хероите кои загинале заради нашата денеша слобода.
Сите кои сакаат да учествуваат во настанот ги молиме да испратат слики на своите роднини и најблиски кои се бореле против хитлеровите агресори во состав на армијата и на партизанските единици или кои биле жртви на наци-фашистичкиот терор на следнава електронска адреса на Амбасадата – skopje@mid.ru. Сликите заедно со информативни податоци (годините на живеење и кратка биографија) се примат до 1 мај оваа година.

6 мая с.г. Посольство России в Македонии и общества российских соотечественников в Македонии проводят акцию «Бессмертный полк». В рамках мероприятия планируется установка в г.Скопье Стены Памяти, на которой будут запечатлены образы участников антифашистского движения. Приглашаем наших соотечественников, а также граждан Македонии, неравнодушных к памяти героев, боровшихся против фашизма, принять участие в создании этой Стены Памяти. Для этого необходимо прислать в адрес Посольства фотографии родственников, которые сражались против гитлеровских захватчиков в рядах регулярной армии и партизанских соединений или стали жертвами фашистского террора. Фотографии вместе с пояснительной информацией (годы жизни и краткая биография) принимаются до 1 мая с.г. на электронный адрес Посольства: skopje@mid.ru.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This