БЕСПЛАТНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА МЛАДИТЕ ВО КАРПОШ: Стевчо Јакимовски најави мегапроекти за карпошани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во скопски Карпош, пред граѓаните се обрати и актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Карпош на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стевче Јакимовски. Тој порача дека во Карпош нема да има мигранти, тој кажа дека нивниот став е јасен, кој ги бомбардирал тој да си ги насели, порача дека за нив во Карпош нема место.

-Сакаат да ни ги населат позади Зајчев рид, еве им наш контра проект, а тоа е позади Зајчев рид, каде што имаме државно земјиште, односно општинско и кај касарната Илинден ќе го поделиме, ќе направиме парцели од 150 до 200 метри квадратни за млади брачни парови, ќе им го дадеме земјиштето без пари, ќе ги ослободиме јас и градоначалникот Трајановски од комуналии, за по 350 евра по метар квадратен да си изградат свој дом, изјави Јакимовски.

Тој кажа има уште еден проект кој е многу важен за младите во Општина Карпош.

-Вие знаете дека ние нашите сограѓани не ги лажеме, рековме бесплатни ужинки, бесплатни ужинки, рековме бесплатни екскурзии, бесплатни екскурзии, рековме кровови, кровови, рековме лифтови, лифтови, фасади, фасади, како ќе кажеме така. Сите млади луѓе кога ќе наполнат 18 години, општината Карпош ќе им плати обука за возачка дозвола, не е тоа малку, 400 евра по семејство, ако ги направиме среќни младите, ако ги направиме среќни брачните парови, ако си ја очистиме општината, ако ја осигураме, ако ги решиме возилата, ако го зголемиме зеленилото, кои граѓани ќе бидат посреќни на светот од граѓаните на Општина Карпош, изјави Јакимовски.

Тој на граѓаните им порача дека доста беше од слушање на лагите на СДСМ, порача сите на 15-ти октомври да излезат и да им се каже „збогум лаги, збогум преваранти, што би рекле знам те пушко кад си пиштољ била“.

-Научиле една приказна која им се вика ќе ги ревидираме ДУП-овите, не знаат ни како е целото име, детални урбанистички планови, ќе се справиме со урбаната мафија, па што не се справевте во Центар бе? Него таму направивте сега десеткатници на Водно, што не го сменивте тој ДУП таму. И пазете ќе се справеле со мафијата и ќе ги стопирале ДУП-овите, истата песна во Карпош, истата во Центар, истата во Куманово ја кажуваат, епа во Центар и Куманово и сега сте на власт, против која мафија ќе се борите, праша Јакимовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This