Бил Гејтс открива кога ќе дојде крајот на пандемиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коосновачот на Мајкрософт, американскиот милијардер Бил Гејтс, преку својот блог најави дека се надева дека критичната фаза на пандемијата на Ковид ќе биде завршена следната година.

„Би било глупаво да се направи поинакво предвидување, верувам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши некаде во 2022 година“, рече Гејтс на блогот GatesNouts.

Американскиот милијардер рече дека крајот на пандемијата не е толку блиску како што се надеваше поради видот делта и проблемот со целосно вакцинирање на луѓето.

Тој не се сомнева дека сојот омикрон е загрижувачки, но дека со развојот на вакцини и антиковидни лекови, тој верува дека Ковид ќе стане ендемска болест во 2022 година.

„Светот е подобро подготвен да се бори против потенцијално лошите соеви, најдобро од почетокот на пандемијата. Ние сме во многу подобра позиција да ги менуваме вакцините, доколку е потребно“, рече Гејтс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This