БИТОЛА ГИ ВРАТИ СТАРИТЕ АВТОБУСИ ОД ЈСП: Петровска му ги врати Шилегов старите црвени автобуси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битолската градоначалничка Наташа Петровска му ги врати на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов старите црвени автобуси од ЈСП „Скопје“.

Тие беа однесени во Битола во почетокот на октомври, за да помогнат во линискиот и школскиот превоз, кога превозниците излегоа на протести и изјавија дека нема да возат по новиот предлог-тарифник. Иако имаше бројни критики во јавноста за нивната дотраеност, превозниците уште следниот ден продолжија со превозот.

„Автобусите беа позајмени за да одговориме на ситуацијата во која се најдовме во тој критичен период. Откако ја наминавме таа ситуација, заклучивме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме“, рече Петровска.

Автобусите беа пуштени во сообраќај во неколку наврати да земат ученици од места каде немаше линиски превоз.

Ученичкиот превоз е еден од најголемите предизвици пред кои е исправена локалната власт во Битола, тој да се организира законски и по прифатливи, пазарни цени. Општината вчера одлучи да ги раскине договорите со превозниците кои вршат општински линиски превоз и превоз на ученици. Тие ќе возат уште три месеци по старите договори, додека не им истече отказниот рок, по што ќе се бара ново решение.

„Постојните договори за линиски превоз имаат член кој овозможува која било страна, дали Општина Битола, дали самите превозници, во отказен рок од три месеци предвремено да ги раскине договорите. Во следниот период, она на што работиме е подготовка на нов повик, кој ќе биде дефиниран со нови критериуми, кои ќе поминат на седница на Советот. На тоа работи цела комисија во Општина Битола, се одржуваат и контакти со превозниците. За учениците кои живеат во места до каде што има линиски превоз, ќе се возат со него, а онаму каде што нема, ќе биде распишана јавна набавка“, рече Петровска.

Минатата недела, спогодбено раскинување на петгодишните договори за бесплатниот школски превоз со Општината и средни училишта во градот побараа три превозни фирми од Битола. Компаниите бараат предвреме да се раскине договорот, зашто со нивните услови за работа, економски неисплатливо им е да го вршат школскиот превоз.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This