Би-би-си: Нова мистериозна болест се појави во Индија – хоспитализирани над 500 луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Обединетото Кралство од утре ќе почне масовна вакцинација против Ковид 19 , почнувајќи од вработените и корисниците на стари домови и здравствените работници. Високо на приоритетната листа се и луѓето постари од 80 години и хронично болните. Британија мината недела ја одобри употребата на Фајзеровата вакцина. Луѓето ќе бидат вакцинирани преку инјкеција два пати – со разлика од 21 ден, а според американската фармацевтска компанија заштитата се постигнува седум дена по втората доза.

Фото Би-Би-Си

Најмалку едно лице починало, а над 500 се хоспитализирани поради непозната болест во јужната индиска држава Андра Прадеш пренесе БИ-БИ-СИ. Сите случаи се од градот Ерулу. Пациентите имале широк спектар на симптоми од гадење до напади и паѓање во несвест. Децата особено се жалеле на горење на очите. Пациентите направиле тестови за Ковид 19 и сите биле негативни. Лекарите се обидуваат да откријат за што се работи.

Фото Би-Би-Си

Министер Јаганмохан Реди ја посети државната болница Елуру и се сретна со пациенти на лекување.

Во Елуру се очекува да пристигнат и експерти од Светската здравствена организација (СЗО) за понатамошна истрага, изјавија медицинските власти за медиумите.

Фото: Би-Би-Си

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This