„Биxaќka на апapaти“: Макpoн го пpoшета Byчиќ низ својот винcки подpyм и му пoнyди поддpшka зa EУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека неговбата посета на Париз е доказ за вистинско пријателство и посветеност на Франција кон Западен Балкан.

Како што пишуваат српските медиуми, доказ за искрената блискост е и тоа што Макрон го однел Вучиќ во винскиот подрум во Елисејската палата, нешто за што српскиот претседател воопшто не ни сонувал и што е привилегија на малкумина во Европа.

Освен за косовското прашање и односите со Приштина, Вучиќ со францускиот претседател разговарал и за билатералните односи и конкретни проекти. Ја споменал компанијата „Ванси“ која го презеде управувањето со белградскиот аеродром.

Важен дел од разговорите се однесувал и на белградското метро. Српскиот претседател најави дека до крајот на годината може да почнат градежните работи на првата линија од Мирјево до Железник, која ќе поврзува пет општини.

Се верува дека паралелно би можело да се работи и втората линија од Мирјево до Устаничка, а предвидена е и трета од Блок 72 до центарот на градот.

Тие линии ќе бидат поврзани со брзи возови, а белграѓани ќе имаат можност да изберат како ќе изгледаат возовите – изјави Вучиќ за „РТС“.

Тој наведе дека верува дека првата линија би можела да биде готова при крајот на 2027 или 2028 година, а двете до 2030 година.

Двајцата претседатели разговарале и за военотехничка соработка.

Вучиќ исто така изјави дека, во согласност со новата методологија на пристапот на ЕУ, тој имал отворени разговори со Макрон и дека ќе има промена по тоа прашање и поедноставен пристап токму затоа што Србија прва ја прифати таа методологија.

Вучиќ појасни дека тоа значи дека поглавјата сега ќе бидат отворени во групи и дека верува дека Србија може да отвори повеќе поглавја за една година отколку во претходните три или четири години.

Тој додава дека смета оти поради промената на рамнотежата на силите во светот, во иднина ќе бидат постигнати некои други договори што би и помогнале на Србија и ЕУ и смета дека има иновативни решенија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This