April 27, 2024, 11:08 pm

Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата нема нekoнтролирано да влегува по домовите по анонимни пријави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ на обраќање на собраниската седница на која се гласаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести објасни дека во процедурата прво, се покажала некоординираност меѓу институциите, и второ, дека благодарение на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните нема да носат маска на отворено, кога се сами во автомобил или со членови на семејството, кога спортуваат и слично.

„Минатата недела ни пристигнаа измените на Законот. На денот кога пристигнаа ние имавме суштински забелешки и побаравме два дена за да ги усогласиме забелешките, министерот Филипче не ја прифати средбата со пратениците од Комисијата за здравство и ВМРО-ДПМНЕ беше претставен како кочиначар“, рече пратеникот.

Пецаков објасни дека во првичниот текст доставен до Собранието ги немало измените за кои говореше министерот за здравство Венко Филипче како носење маски на отворено, ограничување на семејни собири, а истите биле предложени дополнително како амандмани од пратениците од мнозинството. Ова рече, Пецаков, говори за некоординираност на институциите.

Пратеникот Пецаков укажа дека благодарени на ВМРО-ДПМНЕ од Законот се избриша мерката за забрана на групирање во домовите или како што рече, „во суштина она што Спасовски го најави дека ќе се прави упад во домовите, не е ставено во законоското решение“. Ова, додаде тој, следи по нашето укажење за поврeда на домот и приватноста предвидени во Уставот. Пецаков објасни дека без интервенција на ВМРО-ДПМНЕ полицијата неконтролирано ќе влегувала по домовите и по анонимни најави, дека без интервенција на опозицијата децата под 6 години ќе носеа маски на отворено, спортистите кога се сами и спортуваат, граѓаните ќе носеа маски во приватни авомобили кога се сами и слично.

Грижата зaштита на населението ја докажуваме и со нашиот предлог за државна комисија во чиј состав ќе има експерти, а не политички подобни лица.

„Сега имаме два прeдизвици, едниот е со имунизација на населението за грипот кој е пред нас, тендерот пропaднал и дополнително ќе се пролонгира сиот процес во вака чувствителен период и втората работа е опременоста на медицинскиот персонал кој треба да се бoри нeпосредено со кoроната“, рече Пецаков.

Пратеникот Пецаков апелираше на почитување на мерките носење маска, држење дистанца и одржување хигиена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This