„БЛЕСКАМЕ“: По 146 години, Македонија остана без меѓународна железничка линија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 146 години Македонија денеска остана без меѓународна железничка линија. Редовната линија Белград – Скопје – Солун од денес се укинува.

Наместо железнички да се поврземе со соседните земји, патниците во Македонија веќе нема да имаат можност да патуваат на релацијата Белград – Скопје – Солун со воз. Неивестирањето во овој сектор е една од причините за прекин на единствената меѓународна линија.

Како што е веќе објавено железничките претпријатија тонат во долгови. Рекордер по неплатени сметки од сите државни институции е Македонски железници Транспорт. Според листата што ја изготвува Министерството за финансии, објавена во февруари, Транспорт има неплатени сметки од 45 милиони евра, а во наредните две години за плаќање ќе сигнат уште 12 милиони. Железницата и должи пари на државата, должи и за струја, нафта, резервни делови. Половина од долгот е кон странство. Неплатени и натрупани сметки кон желенизиците во Бугарија, Хрватска, и секаде каде што македонските возови поминуваат и се задржуваат подолго од превиденото.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа за укинувањето на линијата, велејќи дека Македонија стана железнички изолирана земја.

По 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград – Скопје – Солун. На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување. Но од тогаш до денес, наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Денес 19.09.2019, после 146 години укинат е единствениот меѓународен патнички воз кој сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун и обратно. – стои во соопштението на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека во услови кога Владата на Р. Македонија секојдневно промовира европски вредности и се повеќе не убедува дека сме на чекор до влез во ЕУ, дозволува да се укине единствениот патнички воз кој не поврзува со Европа. Според нив, освен меѓународните се укинуваат и домашните линии.

Еве помина повеќе од 1 година како “времено“ е укинат и единствениот брз воз кој сообраќаше на релација Скопје-Битола и обратно. Тоа беше популарниот воз “Пелагонија“ кој најмногу го користеа патниците од Пелагонискиот дел на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку во сите развиени земји железницата е основата на јавниот превоз. Кај нас состојбата е обратна. Бројот на патници постојано опаѓа. Во 1992 година со македонските возови патувале над 1 800 илјади патници, сега тој број е за три пати помал.

https://www.facebook.com/urbanizammk/posts/129382831760107

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This