Близу 25% излезнocт дo 13 часот, повеќе од првиот круг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До 13 часот излезноста во вториот круг од локални избори е 24,87 проценти, истакна претседателот на ДИК, Алкесандар Даштевски.

Посочува дека до овој момент своето право на глас го оствариле 269, 674 запишани гласачи.

Даштевски посочи дека овие бројки значат дека излезноста е поголема од минатиот круг до 13 часот.

Висока излезност во овој момент има во Вевчани 52,46 проценти, Демир Капија 44,41 процент, Конче 42,65 отсто, Пехчево 42,18 проценти, Демир Хисар 39,68 %, Гевгелија 34,24%, Битола 32,03% и Охрид 30,15 проценти.

Во најголем дел од останатите општини излезноста до 13 часот е под 30 проценти.

Се уште мала излезност, од под 10 проценти има во Сарај, Театрце, Шуто Оризари.

Мирен избирачки ден без проблем со уредите за биометриска идентификација.

Даштевски истакна дека досега немаат пријава за создавање на редици на избирачките места.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This