БОГ НЕКА НИ ЈА СОЧУВА ТАТКОВИНАТА: Свештенството од Бигорскиот манастир на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари“, стои во честитката од братството на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознат како Бигорски манастир.

Во честитката се наведува дека 8-ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Исто така се посочува дека она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”, се вели во честитката.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This