Божиновски: Расположението на граѓаните е насочено кон опозицијата и затоа потребни се предвремени парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно е вмешувањето на прсти за намалување на мнозинството од 61 пратеник, факт е дека до вчера имаше и статус господинот Кастриот Реџепи каде беше еуфорично подготвен дека ќе се изгласа недоверба на владата, но нејасно е што точно се случуваше со него денеска, истакна политичкиот аналитичар, Владимир Божиновски, во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата ,,Заспиј Ако Можеш,,

Ако пратеникот Кастриот Реџепи се премислил многу едноставно ќе беше со тоа што тој би требало да дојде до Собрание и да каже јас се премислив и мислам дека ова не е во ред. Исто така имаше неколку дена да каже јас го повлекувам мојот потпис или пак не сакам да гласам, посочи Божиновски.

Тој за споредба го посочи проблемот кај Алтернатива кога имаше спорен момент со потписот на Скендер Реџепи за потписи на Левица, но таа ситуација се разреши затоа што тука имаше комуникација. Можеби случајот со пратеникот на Беса беше во координација со некој друг на кој што не му одговара да се изгласа недоверба на Влада.

Сега во моментов владата нема легитимитет ако има 59 пратеника а за тоа да се промени потребно е да се има 61 пратеник што они ги немаат ниту опозицијата. Парламентарното малцинство доколку остане вака ќе биде блокиран парламентот, истакна Божиновски.

Тој додаде дека за деескалација на сегашната состојба е изразувањето на народот за поддршка на политичките партии преку предвремени парламентарни избори.

Единствен спас од оваа ситуација е да се договорат предвремени парламентарни избори за кои веќе има некаков консензус и дека на Македонија и се потребни и неопходни тие предвремени парламентарни избори, рече Божиновски.

Тој смета дека небитребало пред Мај – Јуни да има избори бидејќи зимата мора да се помине, бидејќи не чека многу тешка зима и недозволиво е да влеземе сега во изборен процес. Тоа потребно е да се договори на лидерска средба.

Тој додаде дека изборите пред две недели го дале расположението на граѓаните, и јавното мислење е определено против вас. Тогаш вие не можете со никаква сила да го свртите и дополнителната сила ќе создаде само дополнителен гнев. Со насилство и терор не се решава, ако јавното мислење е веќе свртено против вас вие не можете да постапите со терор да го придобиете.

Наместо власта да говори како тоа Заев поднесе оставка и го снема десетина дена сега се прави обид да се префрли топката за обвинување на лидерот на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите а СДСМ доживеа тежок дебакл особено во вториот круг. Ако веќе говориме за оставки тоа е токму Заев кој што вечерта даде оставка по изборите. Нема логика за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ човекот кој што победи на овие избори, заклучи Божиновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This