Боки 13 доцни на судењето за „Рекет“, бил кај затворскиот лекар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајцата обвинети, Катица Јанева и Зоран Милевски се веќе во судница во Основниот кривичен суд. Во судот сѐ уште не е пристигнат Бојан Јовановски кој треба да биде спроведен од притвор. Според наши информации, причина за доцнењето е спроводот од Истражниот затвор во Шутка.

Од затворот во Шутка за МКД.мк потврдуваат дека спроводот на Јовановски доцни поради тоа што тој до пред 5 минути бил на преглед кај затвцорскиот лекар. Оттаму велат дека Јовановски е веќе на пат за Кривичниот суд каде треба да присуствува на рочиштето за „Рекет“.

Сите тројца обвинети имаат по двајца адвокати во судницата кои ќе ги застапуваат за случајот „Рекет”. Судскиот процес го следат бројни новинарски екипи, како и претставници од американската амбасада, ОБСЕ, Коалицијата сите за правично судење и Зелена лупа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This