БОКИ 13 КАЖАЛ СЕ: Зоран Заев и Вице Заев директно вмешани во рекетот, парите им ги предал во Лептокарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својат исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот трал безмалку цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа.

Наредниот понеделник, 23 декември, распитот продолжил и траел околу три часа, открива Вечер.

Јовановски како што кажа и за време на судењето имал многу што да каже поврзано за рекетот за кои вети дека ќе се дознае целата вистина. Катица Јанева беше пуштена во домашен притвор и се гони за за рекет од 50 илјади евра, а Зоран Милески Кичеец доби само 3 години затвор, Боки 13 сфати дека лично тој ќе биде гонет за милионот кој според неговото тврдење не завршил кај него и тој не го земал. Јовановски соочен со реалност се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени.

Според Боки 13 парите, во поголем дел, ги предал на луѓе блиски до претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев, посочувајќи го конкретно В.З. близок роднина на досегашниот премиер кому предал пари на средба во Карпош, на локација Лептокарија. Заканите кон него, кои Боки 13 ги спомнува на судењето се спомнуваат и во исказот, и повторно како главен извор на заканите тој го спомнува лицето В.З.

За поткрепа на овие тврдења Боки 13 ја упатил обвинителката на поголем обем снимени аудио и видео материјали кои го потврдуваат неговиот исказ од кои се гледа комуникација со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Вице Заев и неколку други лица од врвот на власта, помеѓу кои и директорот на Финансиска полиција Арафат Мурати. Телефоните кои му биле одземени биле зклучени со шифри при што се појавил проблем за откривање на содржината. На овие состаноци со обвинителката Рускоска Боки 13 прифатил да ги даде шифрите за декодирање на телефоните и преземање на содржината од нив како докази.

Исказот на Боки 13 од овие две средби кај обвинителката Вилма Рускоска е многу обемен, според наши сознанија има околу 30 страни. Се очекува обвинителката Вилма Рускоска да постапи по овие нови докази, а наскоро очекуваме и јавна потврда од Рускоска дека овие две сослушувања на обвинетиот Боки 13 се случиле, секако без детали кои би и штетеле на истрагата и понатамошниот процес пред судот. Досега овие два искази на Боки 13 беа тајна за јавноста.

Извор: Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This