БОКИ 13: Пандopината кутија ја отвopaм од овој момент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска рече дека ја отвора Пандорината кутија и дека од овој момент јавноста ќе дознае и за неговиот однос со Кичеец и како тој бил изманипулиран.

„Барам јавноста да биде присутна, да се види вистината со Зоран Милески и односите кои сме ги имале, како тој мене ме манипулирал. Ова е под секое достоинство, зборувам за мене. До сега се што беше презентирано, беше сензационализам“, рече Боки.

Судијата го прекина Јовановски, а Боки продолжи и рече: „Ве молам да не ми се дерете“. Јовановски од забелешка за доказот, продолжи да зборува за својата здравствена состојба.

Судијата потенцираше дека 17 лекари потпишале дека Бојан Јовановски нема малигнитет. Потоа Јовановски доби опомена доколку не престане да зборува, ќе повика полиција за да биде отстранет.

Јовановски заврши дека од 24. септември 2019 година Кичеец почнал акција со снимање и сега му станало јасно зошто тоа го правел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This