Болниците преполни, хоспитализирани речиси 1000 пациенти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на хоспитализирани според денешниот извештај на Министерството за здравство изнесува 998.

Во Градската општа болница „8 Септември“ се хоспитализирани вкупно 79 пациенти. Од нив, петмина се респиратор.

Најмногу хоспитализирани има на Инфeктивната клиника во Скопје – 158, од кои 132 се на кислородна поддршка.

На клиниките кои беа пренаменети за прием на пациенти со ковид состојбата е следна: Институт за ТВЦ – 54 пациенти; Клиника за неврологија – 18; Кожна клиника – 12.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на ковид-19, како и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во битолската болница, пак, има 72, а во штипската 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и cомнителни на ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This