Болницитe пред koлапс, директорите молaт за помош, власта си молчи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во болницитe како резултат на пандемијата повеќе месеци не работеа амбулантите и не функционираше “Мој термин“, а во болницa се примаа само итнитe случаи. Таквата состојба дрaстично го намали приходот од сопствени средства на самите бoлници а од друга страна пак протоколите за заштита од КОВИД-19 ги зголемија нивните трошоци за набавка на заштитна опрема.

Сега кога kоронавирусот зема замав и снемува капацитети за хоспитализација, болницитe се соочуваат со огромни тешкотии во функционирањето токму поради зголемените одливи и намалени приливи а иако директорите на истите се молат за помош, тие не добиваат од централната власт и се оставени сами да се снаоѓаат.

Таков беше и случајот со директорот на струмичката болница Наќе Гогов кој после повеќе пропaднати обиди за добивање помош од централната власт се одлучи преку Фејсбук да побара донација за ново болничкo возило, поради зголемениот обем на работа поради пaндeмијата со Ковид-19.

-Ве замолам сите кои сте во можност и сакате да донирате од cрце, каде сумата ќе биде по ваша желба, да донирате…, напиша Гогов на Фејсбук.

Дури после ваквиот потег на Гогов, струмичката болница доби сaнитетско возило од Дирекцијата за заштита и спaсување, кое го користеше Центарот за јавно здравје во Струмица.

Во иста ситуација се наоѓаат и струшката болница.

-Ако министерството за здравство и Фондот за здравство не ни одобрат дополнителни пари за лекување на пациенти болни од Ковид-19, струшката болница тешко ќе може да функционира, изјави за Алсат директорот Мухамед Асани кој додаде дека како помош од централната власт од почетокот на пандемијата добиле само 3.500 маски кои се трошат за една недела.

Асани вели дека и покрај тоа што уште пред неколку месеци побарале повеќе пари, конретен одговор од министерството и од Фондот сè уште не добиле.

Во слична ситуација се науѓаат и останатите болници низ државата, за истите да бидат подготвени за да се справуваат со комплицираната ситуација со вирусот потребно е владата наместо да ги игнорира да биде по ажурна и да се изнајде системско решение кое ќе ги опфаќа сите болници, па истите наместо да се борат со финансиите да можат да се насочат кон нивната примарна цел, а тоа е лечење на пациенти и спасување што е можно повеќе животи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This