Државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ н.з.) во периодот од јуни до септември продала над 140.000 мегавати електрична енергија и од продажбата инкасирала 6,16 милиони евра по просечна цена од 43,6 евра за мегаватчас.
Во ноември, „заради сушата“ компанијата имала кусок производство и морала да купи нешто повеќе од 60.000 мегаватчасови за што платиле над 3 милиони евра односно ЕСМ платила просечна цена од 53 евра за мегаватчас електрична енергија, што е речиси 10 евра односно 23 отсто поскапо од цената по која продавале.
Извор: Фактор