БОНТУР ЌЕ ЈА ПРЕВЗЕМАЛ ВМРО-ДПМНЕ: На фејсбук се пофали со кампања „од член до член“ – прв му честиташе таткото на Саша Богдановиќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Петар Богојевски – Бонтур, кој неодамна доби „шут“ карта до ВМРО-ДПМНЕ, по конресот на ЕПП во Хелсинки, каде заедно со Тодоров и пратеничката Емилија Александрова успеале да добијат покана како гости-студенти, на фејсбук објави дека ќе одел по членовите и ќе ги убедувал за европска Македонија

 

Поддржувачите СДСМ, веднаш ја протолкуваа оваа објава на Бонтур како партиска кампања за превземање на лидерското место во партијата, иако неодамна доби „црвен картон“ од ВМРО-ДПМНЕ поради непочитување на партиските документи. 

Меѓу првите кои го „видоа“ како лидер на партијата, беше таткото на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, Светислав Богдановиќ.

Освен Светислав, „честитки“ му редеа и низа други партиски ботови, претходно познати како лажни профили преку кои се шири партиската пропаганда на СДСМ. 

Инфомакс дознава дека со молење и буквално спамирање со огромен број пораки до надлежни во ЕПП Тодоров, Богојески и Александровска обезбедиле студентски покани за да бидат меѓу 3,000 гости од кои најголем дел се студенти коишто после Конгресот пишуваат блогови и семинарски трудови за нивни искуства од истиот.

Останува непознато дали Тодоров, Богојески и Александровска ќе пишуваат семинарска или блог во врска со нивните впечатоци и присуство на неофицијалниот дел од конгресот на ЕПП. Но има едно нешто што студентите не го прават, а тоа е не застануваат луѓе по ходници да се сликаат со нив. Зошто? Едноставно, бидејќи е срамота!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This