Бонучи со порака до свиркачите на „Џузепе Меаца“: Секогаш постојат идиоти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Селекцијата на Италија не успеа да се пласира во плеј-офот во премиерното издание на Лигата на нации, откако синоќа иако доминираше во текот на целите 90 минути, одигра само 0-0 против Португалија.


Покрај неуспехот на „азурите“, предводени од новиот селектор Роберто Манчини, дуелот на „Џузепе Меаца“ го одбележаа и константните свирежи кон Леонардо Бонучи, кој ова лето по едногодишната авантура во Милан се врати во Јуве.

„Јас имам доверба во моите соиграчи и селекторот, тоа ми е најважно, а не свирежите од трибините. Секогаш постојат идиоти“, им одговори Бонучи на свиркачите и продолжи: „Одигравме одличен меч, доминиравме и жалиме што не победивме. Португалија искусно се бранеше, а тоа му помогна и нашата слаба реализација во нападот“, заврши дефанзивецот на Јуве.

Европскиот шампион и покрај што има натпревар помалку во однос на Италија, веќе ја обезбеди првата позиција на табелата во групата 3 од лигата А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This