БОРИСОВ БАРА РЕШЕНИЕ НА ИСТОРИСКИ ПРАШАЊА: До октомври да прифатиме дека Гоце Делчев е Бугарин?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев побара да биде храбра, а Борисов и повлече црвената линија на Комисијата за историски прашања до октомври да постигне решение по прашањето на Гоце Делчев. Борисов избегна конкретно да одговори дали доколку до октомври не се постигне согласност околу Делчев Бугарија ќе го блокира добивањето датумот за земјава во ЕУ.

„Темата не смее да ја има после октомври. Мора да се состане комисијат и да работи секојдневно.

– Ако не се постигне компромис?

Треба да постигнат компромис…

Кога ќе ми ја дадат папката со тоа за што се договориле, тогаш Бугарија ќе решава што ќе прави. Ова сценарио сакаме да го избегнеме по секоја цена“, беше дециден Борисов, премиерот на Бугарија.

Велејќи дека не сака ни да размислува за тоа Бугарија да се доведе во ситуација да крене рака против Северна Македонија на Комисијата за историја и порача да се состане и секојдневно да работи, дури и им ги понуди Варан и Бургас за работа во во текот на летото.

„Комисиите треба да седнат и да разберат дека имаат историска задача и да создадат историја, до октомври да ги завршат тие теми. Инаку верувајте ми, би било навредливо кон јунаштвото на ови луѓе кои загинале за овие земји. Историски така се имаат менувано границите, во зависност од кој период и како ги гледаш. Тоа може да стане камен на сопнување за новата историја. Јас велам историчарите да ни кажат, инаку ќе бидам обвинет дека сум ја предал историјата на Бугарија. Јас исто така имам граница до која можам да одам. И она што го знам е дека Комисијата по секоја цена мора да најде решение“, изјави Борисов.

Македонскиот премие иако не го спомена конкретно октомври како рок, потврди дека двете страни се договориле во месеците кои претстојат без предрасуди да се обидат да ги затворат отворените историски прашања.

„Ги охрабруваме двете комисии од двете страни да продолжат во решавањето и на прашањата кои се следни. Решивме веќе четири историки личности и се надевам дека ќе најдеме решение и за историскта личност Гоце Делчев. Се согласивме да ги охрабриме на еден храбар, но на чесен начин да постигнат решение бидејќи досега ние покажавме многу храброст без оглед на нашите политички кариери да градиме пријателство“, рече Зоран Заев, премиер на Р.С. Македонија.

Борисов кој денеска заедно со Заев положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас се извини што неодамна го употреби термионот „северномакедонски“ при реферирање кон политички претставници од земјава. Рече дека не го сторил тоа со умисла.

Борисов најави дека за да избегне во иднина политичките напади врз себе поради изјави дадени во врска со истирски прашања посочи дека на нив од сега ќе одговара претседателот на бугарската страна од Комисијата, Ангел Димитров. Тој одговарајќи на новинарските прашањата им се обрати на македонските новинари велејќи дека внимателно ја следи медиумска сфера во земјава и оти гледа надворешни сили кои работата против Бугарија.

Пред да замине за дојран каде со Заев ќе положат цвеќе на обновениот споменик на бугарскиот полковник Каварналиев, Борисов се сретна и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This