БОРИСОВ КАКО БОДИ ГАРД НА ЗАЕВ:Премиерот Бојко Борисов ја откажа средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ја откажал средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов,  пишува бугарскиот весник 24 часа.

Според овој медиум, Борисов бил незадоволен од односот на Иванов, кој ја напушти средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни Никола Димитров и се обрати со говор во кој не остави простор за дискусија со него за договорот за името.

Наводно, Борисов и дал задача на министерката за надворешни работи, Захариева, да ја откаже уттрешната средба со македонскиот претседател.

Информацијата за откажувањето ја потврди и бугарската влада.

„Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на соседната држава. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Република Македонија. Владата не гледа смисла да биде вмешана во внатреполитичките дебати во Скопје. Клучно за иднината на нашиот сосед и интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа не треба да биде доведено во прашање“, соопштиле од бугарската влада.

Македонскиот претседател денеска остварил средба со бугарскиот колега Румен Радев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This