БОРИСОВ МУ ПОМАГА НА ЗАЕВ ДА ОСТАНЕ НА ВЛАСТ: Комисијата за историја со Бугарија ќе одлучи чиј е Делчев по изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничката бугарско-македонска комисија, која се должи на јасни историски и едукативни проблеми меѓу двете страни, е суспендирана на 6 месеци, пренесуваат бугарските медиуми.

Нема напредок, вели професорот Ангел Димитров, копретседател на бугарската страна.

-Добиваме сигнали дека имаме различни претстави со нашите колеги не само за смислата на нашата работа, туку и за разбирањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Тоа е доволно убедлив показател дека не сме во состојба да зборуваме за постигнати сериозни резултати. Загрижен сум не само затоа што секој чекор напред е нешто добро, не толку за самиот Договор, колку за односите меѓу луѓето од двете држави. Загрижен сум и затоа што едно од решенијата на Комисијата беше очекувањето за поинтензивна работа со цел да постигнеме определени резултати до крајот на годината околу разговорите за Гоце Делчев и за Илинденското-Преображенско востание, вели Димитров.
Според него, работата по ниту едно од тие прашања не е завршена.

-Тоа е вон нашите можности, се обидовме да направиме што можеме, сега работите се пренесуваат на политичко ниво, прецизира Димитров.

Медиумите во Бугарија пренесуваат дека бугарската страна посочила дека ќе има друга средба во декември, но македонската страна откажала.

– Тие дадоа предлог за голема пауза до месецот мај“, објасни бугарскиот историчар Драг Георгиев, копретседател на македонската страна, кој коментираше дека постојат сериозни разлики околу толкувањето на личностите од историјата, како и за учебниците.
Според пишувањата на медиумите, одложувањето на состаноците на комисиите се должи на претстојните избори во Македонија.

Комисијата е формирана според Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија и е во функција неколку месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This