April 27, 2024, 11:21 pm

Борис Џонсон нajaви yштe пocтpoги мepки: Haмaлeтe ги кoнтaктитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги заостри препораките против коронавирус пред Божиќ и собирите на Британците со нивните семејства.

Џонсон рече дека нема да има промена во законот за населението, но додаде дека луѓето не треба да преноќуваат во домовите на други луѓе и дека треба да се избегнуваат патувања од области со висока стапка на инфекција во оние со пониска стапка.

Тој исто така рече дека граѓаните треба да ги посетуваат своите постари роднини само по Божиќ.

„Кога велиме дека три домаќинства можат да се сретнат во период од пет дена, сакам да истакнам дека ова е максимумот, а не целта што треба да се оствари“, рече Џонсон.

“Се разбира, секогаш е најбезбедно да се намали бројот на луѓе што ќе ги сретнете. Ова значи дека ако ги посетите луѓето за Божиќ, ве замолувам да го намалите бројот на луѓе со кои сте во контакт пет дена претходно, а веќе од овој петок”, нагласи тој.

Премиерот на Велс, Марк Дрејкфорд, рече дека неговата влада охрабрува најмногу две , а не три домаќинства да се состанат помеѓу 23 и 27 декември. Но, портпаролот на велшката влада изјави дека препораките ќе бидат претворени во закон.

Премиерот на Северна Ирска, Арлин Фостер смета дека луѓето треба да ги преземат сите мерки на претпазливост за Божиќ и додаде дека сегашните ограничувања може да бидат сменети пред 25-ти декември.

Во меѓувреме, шкотскиот премиер Никола Старџен ги повика луѓето да се состануваат само еднаш на секои пет дена.

Велика Британија денеска потврди 25.161 нови случаи на инфекција, најмногу од 14 ноември досега. Владата објави 612 смртни случаи, што е најголем број на жртви од минатата недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This