April 30, 2024, 12:50 pm

БОЈАЏИ ДО ,,НЕПИСМЕНАТА КОМУЊАРА”: Македонската дијаспора е составена од образовани, самосвесни, осознаени и реализирани луѓе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Режисерот Јани Бојаџи, фотографиран во Државната бибилиотека на Викторија, во Австралија, испрати силна порака до македонските политичари кои, како што вели тој, сакаат да ја прикажат дијаспората како проста и необразована.

Бојаџи, на Фејсбук, напиша дека токму во државните библиотеки низ Австралија, кои се бесплатни, се образоваат десетици илјади Македонци.

Образовани и реализирани луѓе е сликата која тој ја доби при посетата на тој континент, среќавајќи се со многумина иселеници од Македонија.

-Знам дека пропагандата на црвената буржуазија во Македонија уште работи со полна пара да ги прикаже Македонците во дијаспората како проста и примитивна раја која само се вози со “басот “ и “карот“ од дома до работа, јаде печени пиперки за вечера, вее знаме со сонцето од Вергина и ја пее “Бисер балкански“! Јас тука, такви не сретнав. А сретнав многумина. И, да ве разочарам драга моја мизеријо неписмена комуњарска! Ова се образовани, самосвесни, осознаени и реализирани луѓе со по најмалку една универзитетска диплома. Овде е нормална работа мастерот и докторската дисертација. Никој не паѓа во несвест. Тука доктори на наука се бизнимени, адвокати, трговци, новинари и политичари! Можете да се мислите за што сакате, но вие сте инфериорни пред знаењето и моќта на оваа генерација иселеници. Сите тие зборуваат по најмалку два јазика? До триесет и петата имаат своја куќа, имот и иднина. Од чесен труд. Тука за крадење се оди во затвор! Тука нема приватизација на државни фирми и наместени тендери на браќа, сестри, снаи и золви. Нема тука државни фондови за иновации на семејни бизниси. За да го заработиш милионот треба добро да да се запотиш. И во снагата и во умот! Тука, оние кои вие ги исмевате се конкурираат со светот. Во сите сфери. Во економија, политика, социјала, спорт и кулутра! За нив овде конкуренција е сето англиско говорно подрачје на ова планета, а не две-три тајфи од Табановце до Гевгелија. Овие тука, во огромно мнозинство не се “ваши“! Со вас немаат никаква идентификација. Како што немате ни вие со нив. Затоа, не губете си го времето подучувајќи ги на било што. Вие нема што да ги научите. – напиша Бојаџи.

Ова е “Државната библиотека на Викторија“! Бесплатно е членството и користењето на цела литература и сите нагледни и…

Posted by Jani Bojadzi on Monday, January 21, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This