#БОЈКОТИРАМ ОТВОРИЈА „ТРГОВСКА ВОЈНА“: „Гага да ги делат, земи ги и истури ги во #канализација! Не купувај од тој што те продава!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето #Бојкотирам отвори „трговска војна“ против сопствениците на компании кои со своето политичко делување поддржуваат промена на уставното име на Р.Маекдонија


Прва меѓу компаниите за кои се повикува на бојкот на производите е „Мамас“, фирма на семејството Заеви која произведува „домашен“ ајвар. „Мамас“ производите генерално ги извезува во САД и Австралија каде таргетира Македонци од дијаспората, носталгични по домашната кујна.

Од неодамна, на списокот „бојкотирани“ производи се и оние на компанијата „Кожувчанка“, чиј сопственик е доскорешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев.

„Не купувај од тој што те продава! Удри кај што најмногу ги боли! #Бојкотирај #Кожувчанка, #Синалко, #Изворска, а замисли пивото му се вика #Македонско!? И на тоа #бојкот!!!“ – повикуваат од движењето #Бојкотирам, на социјалните мрежи.

Јанчев се најде на мета на бојкотирачите откако обелодени дека остварил средба со Зоран Заев, на која заедно со Никола Тодоров разработувале шема, како што вели Јанчев, за „стопирање на Мицкоски“ во намерата да ги блокира уставните измени. Кавадаречкиот градоначалник во изјава за про-владината 24Вести додава дека тој и Тодоров, заедно „рака под рака со Заев“ ќе работеле на стопирање на Мицкоски.

Ова предизвика гнев кај бојкотирачите, кои порачаа:

„Запамти ги овие производи!!! Гага да ги делат, земи ги и истури ги во #канализација! Не купувај од тој што те продава! Удри кај што најмногу ги боли!!!“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This