БОЈКОТ И ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП: Советниците демонстративно ја напуштиле седницата на советот на општина Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советниците oд редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија седницата на Советот на општина Прилеп, како знак на револт за притворените лица за настаните од 27 април во македонското Собрание.

Меѓу приведените е и прилепчанецот Јане Ченто, претседател на македонското патриотско Здружение „Пере Тошев” и правнук на Методија Андонов – Ченто.

-Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата За подобра Македонија демонстративно ја напуштивме седницата на Советот на општина Прилеп. Ова го правиме како реакција на акцијата на полициската хунта на СДСМ коишто во моментов неправедно ги држат во притвор нашите сограѓани, на коишто единствено злодело им е тоа што си ја сакаат Република Македонија. Денес ова го правиме во името на нашиот другар, во името на нашиот сограѓанин, нашиот пријател Јане Ченто, којшто неправено е задржан во притвор. Денес ние кажуваме стоп на полициската хунта, која што се извршува и на централно ниво, и на локално ниво. Бараме под итно да запре полицискиот прогон на целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на сите граѓани на коишто единствено дело им е што си ја сакаат Република Македонија, изјави Ирена Стерјоска Локвенец советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This