(Видео)САЖЕЉАВАМ С`С ВАС, АМА ЌЕ СЕ ТРУЕТЕ: Казандол ќе се гради, Заев мора да ја плати фактурата кон странските поддржувачи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рудникот „Казандол“ во Валандово за кој Заев гласно ветуваше дека нема да се изгради, и дека тој ќе го вложи целиот свој капацитет за да ги запре „рудниците на смртта“, како што ги нарекуваше тој и невладините организации организирани од СДС, сепак ќе се гради и ќе ги труе граѓаните од југоисточна Македонија со цијанид


Врескањето на празни ветувања, уште погласните лаги и манипулативната поддршка која како мед течеше од устата на Заев, заврши и оттука започнува реализацијата на вистинските намери на полтронот на интересите на оние кои му помогнаа нелегално да ја земе власта во државата.

Ниту барањата на невладините организации, граѓаните и општините повеќе не се во фокусот на владата, премиерот и пратениците од владеачкото мнозинство, откако координаторот на пратеничката група на СДС со чудење на социјалните мрежи запраша од каде бил тој страв и одбивност кон нешто што ќе значело економски просперитет. Заборавајќи притоа дека во тригодишната манипулативна кампања исполнета со лажни ветувања, Тунтев и неговиот шеф Заев објаснуваа дека економскиот просперитет на граѓаните од овој регион бил во земјоделието, бидејќи тоа биле општини „бисери на земјоделието“ .

Пред само три месеци, про-владините медиуми на големо зборуваа дека Заев ветил дека ќе ја спречи изградбата на рудниците, за сега да објаснуваат дека Македонија требала да ја „зграпчи“ секоја шанса за економски просперитет на секој регион во земјата. На пример со отворањето на рудникот „Казандол“.

На 1-ви октомври од Гевгелија гласно ветуваше, па дури испраќаше и пораки, јасно ставајќи до знаење дека нема да дозволел никакви ургениции за рудниците.

Три месеци подоцна, владата која ги даваше ветувањата, ги прекрши. Но што се смени во меѓувреме?

Димитар Апасиев советник на министерот за финансии и член на президиумот на „Левица“ обвини за нов случај на непотизам во владата на СДСМ. Тој на својот фејсбук профил изјави дека новата влада предводена од СДСМ го крие договорот за рудникот за злато во Иловица. Апасиев јавно побара стоп за рудниците на смрта и побара од владата да го стави здравјето на граѓаните пред бизнис интересите на поединци во владата и обвини за непотизам на дело

Имено во компанијата ЕУРОМАКС РЕСОУРСЕС ЛД која ја добила коцесијата за експлатација на наоѓалиштети на бакар и злато во рудникот Иловица била вработена сестрата на Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски. Тој меѓудругото го сподели и линкот од статијата на веб порталот НОВА ТВ во чиј текст се обвинува Владата дека го крие договорот со компанијата ЕУРОМАКС. Во текстот се споменуваат имињата на Кочо Анѓушев и Крешник Бектеши кои како министри во владата задолжени за економски прашања даваат подршка за овие проекти.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This