БРАВО: Малиот херој Марко спрема уште еден подвиг на Охридското Езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малиот херој Марко Пејчиноски неуморно се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро, кој ќе се обиде да го спроведе во дело на 28-ми август, пишува порталот „Охридпрес“.

Езерото и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг ќе биде посветен на бopбата на лицата со ретки бoлести. Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болecти. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на нашата страна, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидете контактирани од нашите адмнистратори за сите детали. Краен рок за нарачка на маиците за поддршка на лицата со ретки болести е 20.08.2019 година до 15:00 часот, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат, информираат од тимот на Марко Пејчиновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This