Бразилскиот coj нa Koвид-19 иmyн нa вakцинитe?!: Виpycoлoг твpди дeкa вakцинaтa нe e eфикacнa пpoтив нeгo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на бразилскиот сој на Ковид-19. За еден ден, во Италија имало 420 смртни случаи и 8.000 нови случаи на инфекција со Ковид-19, пишува агенцијата Анса.

„Доколку се зголеми бројот на лица заразени со бразилскиот сој на Ковид-19, потребно е веднаш да се воведе строг карантин, да се затвори сè, бидејќи вакцината што се користи во моментов не е ефикасна против таа варијанта на вирусот“, тврди вирусологот Андреа Крисанти, директор на микробиологија на Универзитетот во Падова.

Во Италија, граѓаните се вакцинираат само со вакцината на Фајзер, американски производител што ја намали испораката на договорените количини на лекот. Италијанската влада затоа покрена законски мерки против производителот на Фајзер-Бионтек, бидејќи намалувањето на испорачаните количини го компромитира владиниот план за масовно вакцинирање на населението.

Во меѓувреме, Европската Унија воведе ознака, темно црвена, за деловите од земјите-членки каде, според проценките, најголема е опасноста од ширење на инфекцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This