БРАТСКА ДЕЛБА ДОДЕКА НАРОДОТ СЕ КАРА МЕЃУ СЕБЕ: СДСМ и ДУИ си поделија бизнис тежок десетици милиони, додека сите се фокусирани на референдумот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Испитните центри за кои беа распишани огласи за лиценци за наредните 5 години се коалицисиски поделени помеѓу СДСМ и ДУИ на следниот принцип, Битола, Велес, Струмица и Скопје да му припаднат на СДСМ, а Тетово и Куманово на ДУИ.

 

Испитниот центар во Струмица му се додели на близок другар на Заев, а позади лиценцата во Скопје стојат блиски врски на Оливер Спасовски. Битката за овие два центри била и најжестока бидејќи позади останати аплицирани фирми на конкурсот застанале Лефтер Андонов од Струмица, газда на Тритерол, кој ги застапувал интересите на Америт, додека пак за Скопје аплицирала и автошколата АРДИ чиј сопственик е активист на ДУИ и во негови дивоизградени простории во Чаир е сместен штабот на ДУИ.

За волја на вистината, автошколата АРДИ во оваа бранша има долгогодишно искуство и за разлика од победникот на огласот за Скопје, реално инвестирал во просторни и технички услови помеѓу 150 и 200.000 евра со што бил далеку над фирмата-победник на Виктор Серафимов која беше формирана само една недела пред огласот.

Но како всушност доаѓа до тоа 25 годишно момче да ја добие лиценцата за полагање возачки испити во главниот град? Познавачите на приликите после медиумските објави насочуваат дека вистинскиот сопственик на лиценцата е лице кое се занимава со градежништво и кое никогаш во животот немало допир со оваа бранша. Истото е во блиски фамилијарни односи со Спасовски, но целиот процес за да биде легитимен се врши преку лица вклучени во овој бизнис односно вклучено е лице со долгогодишно искуство во водење на авто-школа во Скопје, кое од 10 јули по добивањето на лиценцата комплетно излегува од авто-школата и преминува со ангажман во фирмата Авто Испитен Центар Скопје водена од неговиот внук, 25 годишниот Виктор Серафимов, кој е само параван на вистинските сопственици на овој бизнис.

Комисијата за избор на фирма за лиценца во Велес и Битола ќе оди по истата шема како и за Скопје, Струмица и Тетово. Фирмата која ќе добие најголема поддршка помеѓу Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе биде селектирана дека најмногу ги исполнила условите од огласот. Интересно е дека на ниту еден оглас досега не беше избрана постоечка фирма која изминатиот период имала лиценца за оваа дејност, иако ниедна од нив немала негативни референци ниту пак казни за непрописно работење од страна на одговорните во МВР кои учествуваат и во комисијата за доделување лиценци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This