April 30, 2024, 11:18 am

БРАЧНИОТ ПАР СО КОРОНА ЈА ПРОШЕТАЛ МАКЕДОНИЈА: Биле и на матичен лекap, никој ниту проверил ниту пак се пocoмневал на kopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега во Република Македонија влегле преку 23000 патници од Италија велат официјалните бројќи на Царинската управа. Од денеска епидемиолозите ќе ги бараат и анкетираат контактите кои според нашите информации се повеќе од 30-тина кои со двајцата заболени дебарчани патувале во автобусот од Италија, но немаме информации дали во изолација ќе се сместат и оние кои надвор од патничкиот превоз имале контакт со заболениот брачен пар.


Нашите информации говорат дека луѓето кои ќе ги контактираат ги има од цела Западна Македонија. Тие ќе бидат ставени под здравствен надзор и 14 дневна изолација која сега за сега ќе биде во домашни услови, но со оглед на состојбата во македонското здравство веројатно е потенцијалните пациенти да останат во своите домови. Од граѓаните сместени во карантин ќе бидат барани и нивните контакти во текот на изминатава недела од кога пристигнале.

Овој случај е класичен пример за неподготвеноста на македонскиот здравствен систем за справување со потенцијалната светска пандемија на коронавирусот, со оглед на тоа што заболените 8 дена лутале низ македонскиот здравствен систем, пред да ја добијат конечната дијагноза.

Имено дебарскиот случај на сопружниците позитивини на корнавирусот е типичен пример на лутање низ системот, интернист, матичен лекар, немање инфектолог, обид за упатување во болниците во Гостивар и Охрид .

Напоменуваме дека пациентите се детектирани после 8 дена откако влегле во земјава, имајќи во предвид дека карантин за луѓето кои доаѓаат од ризичните локации кои што се епицентар на заразата на коронавирусу, нема.

Во автобусот се возеле со 30 луѓе, 8 дена се движеле меѓу луѓе, што во превод значи дека двајцата дебарчани се само врвот од сантата мраз, од која имаме уште многу што да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This