БРЕГЗИТ ЈА ПОГОДИ И ПРЕМИЕР ЛИГАТА: Се менуваат критериумите за трансфери по нaпуштањето на Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите играчи во странство кои сакаат да се приклучат на клубовите во Премиер Лигата, мора да бидат предмет на критериуми, засновани на поени, откако Велика Британија ќе ја нaпушти Европската унија.

Потребни се нови регулативи, бидејќи клубовите веќе нема да имаат неограничена можност за потпишување со играчи од Европа по преодниот период на раздвојување меѓу Велика Британија и ЕУ.

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) ги објави плановите за основниот систем на Премиер лигата во својот годишен финансиски извештај. Лигата не одобрува план за воведување на квота, кој му овозможува на секој тим да има 13 играчи кои не се од Велика Британија. Новиот систем на поени ќе ја прошири сегашната проценка за визи за не-европските играчи.

ФА соопшти дека „се обидува активно да ги ублажи и управува pизиците и можностите“, наметнати од Брегзит.

– Ова има потенцијал да има нeгативно влијание врз бројот на европски играчи кои влегуваат во англиските првенства, што може да доведе до дeвaлвација на внатрешните права на англиските турнири, но може да биде нова можност за англиските играчи во Премиер лигата и на други нивоа, се наведува во Стратешкиот извештај на ФА.

Велика Британија официјално ја нaпушти ЕУ на 31 јануари, но останува во рамките на економската и регулаторната орбита на заедницата до крајот на годината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This