April 30, 2024, 11:46 pm

БРЗИ И ЛЕСНИ: Превкусни кокос коцки кои се топат во уста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Идеални за првиот ден откако ќе завршите со постите. Се прават лесно и бргу, а задоволствотот кога ќе ги вкусите е неизмерно.

За подготовка на тестото ви требаат: 4 јајца, 200 грама шеќер, 200 грама брашно, 5 лажици млеко, 1 кесичка прашок за пециво.

Се матат јајцата и шеќерот, потоа се додаваат брашното и прашокот за пециви, и на крај млекото и маслото и сѐ заедно се меша додека не се добие рамномерна смеса. Се пече околу 25 минути на температура од 16о степени. Откако ќе се изладат се сечат на коцки.

За преливот потребни ви се еден маргарин, 3 лажици какао, 100 грама кујнско чоколадо, 200 грама млеко и 200 грама кокосово брашно.

Маргаринот се топи во загреаното млеко. Откако ќе се растопи се додаваат какаото и чоколадото. Смесата не треба да зоврие.

Претходно исечените коцки се потопуваат во чоколадниот сируп и се валкаат во кокосово брашно.

Се служат веднаш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This