БРИСЕЛ ИМА ПОТРЕБА ОД ГРУЕВСКИ: Македонија е „бедем“ на ЕУ кон Грција во мигрантската криза, а Груевски значи стабилна држава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Угледниот германски „Шпигел“ анализира дека Брисел има потреба од стабилна Влада во Македонија со силен лидер, и дека Груевски и е потребен на ЕУ бидејќи Македонија ја има добиено улогата да служи како „бедем“ кон Грција во мигрантската криза 

gruevski-sredbi-640x3201

Во анализа за состојбите на Западен Балкан, германскиот весник „Шпигел“ пишува дека Брисел во моментов има потрба од силни и стабилни влади со силни лидери, како што се Вучиќ и Груевски, но и Мило Ѓукановиќ кој ја водел земјата кон НАТО.

Според „Шпигел“ српскиот премиер Вучиќ е најсилниот лидер на Србија од времето на Милошевиќ, и иако знае да кокетира со Русија и често да одржува средби на високо ниво со премиерот и претседателот на Руската Федерација, за Брисел позагрижувачки се воените вежби и соработка која Србија ја остварува со Русија. Сепак, според Шпигел, честите пофални зборови на Вучиќ до германската канцеларка Меркел и жестоката поддршка за Евроинтеграции која ја проектира Вучиќ е доволен знак за Брисел дека српскиот премиер ќе ја одржи безбедноста на регионот.

Долгогодишниот Македонски премиер Груевски пак, според Шпигел, на Брисел му е потребен во „менаџментот на мигратнската криза“ бидејќи на Македонија и е наменета улогата на „бедем“ на ЕУ кон Грција.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This