БРИТАНИЈА ИСПРАТИ ПОДМОРНИЦИ ВО СИРИЈА: Британската премиерка издаде наредба за испраќање на ракетна подморница во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската премиерка Тереза Меј издала наредба британските подморници да се упатат на растојание на ракетен напад во Сирија, наведува британскиот весник „Дејли телеграф“

Весникот наведува дека нападот на Сирија може да се очекува во четврток навечер.

Овие извештаи следат откако предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, напиша дека Русија и Сирија треба да се „припремат“ за ракетен напад. Трамп нагласи дека нападот ќе вклучува бомби кои ќе бидат „добри и нови“.

Претходно, Западот го обвини Дамаск за хеиски напад во сирискиот град Дума во Источна Гута. Москва ги отфрли информациите за хлорни бомби кои наводно ги фрлила сириската војска. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека целта на овие обвинувања за употреба на отровни материјали од страна на сириските владини трупи, е заштита на терористите и правдање за евентуални надворешни воени напади.

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека до среда ќе донесе одлука за акција против Сирија како одговор за наводната употреба на хемиско орује во Сирија. Потоа денес напиша на Твитер дека Русија би требало да биде спремна да ги соборува ракетите лансирани кон Сирија, а ракетите ќе бидат „добри, нови и ‘паметни’“.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This