Британскиот oбpaзoвeн cиндикaт бapa итнo зaтвopaњe нa yчилиштaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ако училиштата останат отворени, ќе имаме голем број новоинфицирани лица и карантинот ќе трае подолго“, изјави поранешниот главен британски научен советник Марк Волпорт.

„Се сомневам дека заклучувањето овој пат ќе трае кратко како последното, бидејќи сега ги оставивме училиштата отворени“, изјави Волпорт за Скај Њуз.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера објави дека повторно се воведува блокада во земјата, но дека училиштата и факултетите ќе останат отворени од 5 ноември до 2 декември. Но, некои вработени во образовниот систем не се согласуваат со оваа стратегија.

Националниот синдикат за образование (НЕУ), со повеќе од 70.000 наставници, тутори и помошен персонал, сака затворени училишта. Генералниот секретар на НЕУ, Кевин Кортни рече дека „владата треба да ги вклучи сите училишта во националната блокада“.

“Податоците од Националното биро за статистика (ОНС) јасно покажуваат дека училиштата се жаришта на коронавирус. Нема смисла да се воведува национален карантин без да се затворат училиштата каде се шири коронавирусот. Ова може да доведе до уште подолги блокади”, додаде тој.

Според последните податоци на ОНС, 1% од британските ученици во основно училиште и 2% од средношколците се заразени со ковид-19. Синдикатот ги анализирал тековните и претходните податоци и заклучил дека стапката на инфекција во основните училишта е девет пати поголема отколку што била на почетокот на учебната година во септември, а 50 пати поголема во средните училишта.

Д-р Џереми Фарар, член на владината научна советодавна група (САГЕ), исто така рече дека пренесувањето на ковид-19 е „високо“ во средните училишта.

„Знаеме дека стапката на инфекција е висока, особено во средните училишта. Лично, мислам дека сега треба заклучување од ваков тип, но ако бројот на заразени продолжи да се зголемува, особено во средните училишта, тогаш оваа одлука треба да се преиспита по четири недели за да се постигне Р да паѓа под 1. ”

Министерот за образование Гевин Вилијамсон вчера изјави дека е „многу важно“ училиштата и факултетите да останат отворени. Главниот британски лекар Крис Вити исто така се залага децата да останат во училиштата.

„Сосема е јасно дека постои можност затворањето на училиштата да им наштети на децата. Мислам дека ќе биде поштетно децата да останат дома отколку да одат на училиште, дури и за време на пандемија“, рече Вити.

Детската претставничка за Англија, Ен Лонгфилд смета дека затворањето на училиштата би било „катастрофа“ за благосостојбата на учениците и нивното образование.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This