April 28, 2024, 12:34 pm

Брнабиќ: Пaндемијата ќе запре или кога сите ќе се зapaзиме или кога сите ќе се вaкцинираме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на вакцинацијата, Србија денес нема тешка епидемиолошка состојба во споредба со регионот.

Но мерките не можат да бидат исти кога ја имате вакцината и кога ја немате, бидејќи тоа би значело дека не верувате во вакцинацијата , рече денеска српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа за Радио Телевизија Србија (РТС) рече дека сега има помалку луѓе во болниците низ целата земја, иако Србија има до 8.000 заразени дневно отколку кога имало 5.000 до 6.000.

„Пандемијата ќе заврши на два начина – или кога сите ќе се заразиме или кога сите ќе се вакцинираме“, рече српската премиерка, нагласувајќи дека мора да се разговара за личната одговорност и граѓанската солидарност, како и за потребата од што е можно поинтензивна вакцинација.

Таа проценила дека евентуално построгите мерки привремено ќе доведат до пад на бројот на заразени, но олеснувањето на мерките повторно ќе доведе до зголемување на бројот на заразените и дополнителен притисок врз болниците.

Во последните 24 часа, Србија пријавила 49 смртни случаи од Ковид-19 и 6.401 нови случаи на инфекција меѓу 21.119 тестирани примероци.

Просечниот број на новозаразени во однос на бројот на тестирани во последните неколку дена е приближно 1: 3.

Денеска имало 6.584 пациенти на болничко лекување, а 279 на респиратори.

Од појавата на 6 март минатата година, тестирани се 5.819.214 примероци, потврдени се 994.708 случаи на инфекција, а официјално се пријавени 8.631 смртни случаи поврзани со „Ковид-19“.

Стапката на смртност благо опаѓа, а со денешните бројки е 0,87.

FacebookTwitterCopy Link

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This