Арсовска: На граѓаните на Скопје им е преку глава од политичари кои само даваат празни ветувања коишто не ги исполнуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данела Арсовска , кандидат за градоначалник на град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија” како и од албанската опозиција Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва Алсат телевизија испрати уште еднаш порака и појасни зошто скопјани треба да ја изберат токму нејзе за да го води градот Скопје во наредните 4 години, укажувајќи дека на скопјани им е преку глава од лажни и празни ветувања, додавајќи дека нејзина заложба е од Скопје да направи поубаво место за живеење.
-Сметам дека она кое што го гледаме изминатите години дека на граѓаните на Скопје им е преку глава од политичари кои што само даваат празни ветувања кои што не ги исполнуваат и затоа јас како човек, како жена, како некој што има интегритет, некој кој што е чесен и одговорен, и некој кој што не е политичар ќе се заложам Скопје да го направам поубаво место за живеење. Верувам дека ги имама квалитетите и знам дека добро можам да менаџирам со градот и верувам дека сето она кое што се покажало како лошо менаџирање до сега, дека квалитетно ќе го направам во следните 4 години како градоначалник на сите скопјани, рече Арсовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This