БУБЕВСКИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ АДВОКАТОТ АРСЛАНИ: ,,Aбе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“ „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му е*еме“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бувевски, како што најави, поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани, за сторено кривично дело „загpозување на сигурноста“.
Кривичната пријава Бубевски ја поднесува откако на едно од судските рочишта за предметот „Титаник 3“, изнесе тврдење дека примил заканите кои пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, ги испратил преку својот адвокат.

„Ти си наша, може лесно да поминеш, ама на тој кауPот ќе му ја расплачеме фамилијата“, гласеше заканата која наводно Алими, преку адвокатот Арслани, и ја порачал на обвинителката Фатиме Фетаи.

„На 10-ти ноември 2018 година на паркинг просторот пред Трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, пријавениот Мефаиљ Арслани кој е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот предмет кој се води пред Основен суд Скопје I Скопје под V К.бр.1905/17, ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, службено лице – Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, кој во вршење на службата постапува како обвинител во наведениот предмет, со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот и тело и животите и телата на лицата од неговото семејство, на начин што во моментот додека сведокот Артене Исеини го управувала сопственото патничко моторно возило во кое совозач бил сведокот Фатиме Фетаи и се обидувале да пронајдат празно паркинг место пред ТЦ „Мавровка“ го здогледале пријавениот Мефаиљ, по што сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават и само што сведоците му рекле „добар ден Мефо, што правиш, како си“, истиот, агре сивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му еб еме“, заKани кои биле насочени кон оштетениот – Гаврил Бубевски, како обвинител кој заедно со јавниот обвинител – сведокот Фатиме Фетаи постапува во предметот против обвинетиот Ејуп Аљими, чиј бранител во постапката е пријавениот Мефаиљ Арслани“, стои во кривичната пријава.

Како докази во кривичната пријава се наведени изјавите од сведоците, во случајот обвинителката Фатиме Фетаи и нејзината сопатничка Артене Исеини.

„Очигледно е дека мотивацијата за овие закани искажани од пријавениот Мефаиљ, со таа количина на омPаза кон оштетениот Гаврил Бубевски и сериозност на кажаното произлегува токму од фактот што против Ејуп Аљими се води кривична постапка, по потврден обвинителен акт од страна на судот по споменатото обвинение. Во тој предмет еден од обвинителите е оштетениот Гаврил Бубевски, и основано се очекува задоволување на правдата за стореното од страна на Ејуп Аљими, иако според негово поведение, истиот се однесува како недопирлив за правдата. Впрочем, од досегашното однесување на правосудниот систем не му е без основа таквото однесување, и затоа е целокупната омраза кон „нашата“, на која ѝ простиле заради таа припадност и на „каурот“, на кого треба да му плаче фамилијата. Од зборот „каур“, а во контекст на сето ова, јасно се влече заклучокот спрема кого се насочени заканите и поголема аргументација се чини е непотребна“, стои во пријавата.

Бубевски додава дека како потврда за насилничкото однесување на Алими е и тоа што сведоци во предметот „Титаник 3“ изјавиле дека се плашат да сведочат против него, бидејќи стравуваат за својата сигурност и безбедност, како и за безбедноста на нивните најблиски.

Обвинителот понатаму додава дека сепак нема докази за да поднесе кривична против Ејуп Алими, но бара од обвинителството да ја истражи неговата улога во заканите. Бубевски бара од Обвинителството да прибави листинзи од телефонски повици и од интернет комуникација кои ги обавувал адвокатот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This