БУГАРИТЕ НЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Признавањето на МПЦ нема да му наштети на бугарското историско наследство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот теолог, аналитичар и публицист Николај Крастев, оценува дека неодамнешната посета на техничкиот премиер Оливер Спасовски на Цариград и ангажманот на вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на македонското црковно прашање не е изненадување и е нормален тек на процесот, особено по молкот на Бугарската православна црква и пропуштената шанса да биде мајка црква на МПЦ.

– Непреземањето ништо од страна на БПЦ на барањето на МПЦ, ја принуди македонската политичка и црковна елита да побара признавање на афтокефалноста од Вселенската патријаршија. Токму Фанар е тој што ги дава томосите за афтокефалија и затоа таквиот чекор е нормален тек на процесот – оценува Крастев во изјава за бугарската телевизија БНТ.
Според Крастев, МПЦ е ралност, постои македонска држава и логично е да има и своја црква.

– Македонското црковно прашање треба да се реши на објективен начин, односно да се почитува правилото секоја држава да си има своја црква. Сметам дека вселенскиот патријарх ќе ја признае црквата во Македонија под историското име Охридска архиепископија. Според мене, најдобро е МПЦ да биде црква на Северна Македонија, но тоа е неприфатливо за грчкиот лагер во православието поради името – вели Крастев.
Прашан дали евентуалното признавање под името Охридска архиепископија на чие наследство права полага и БПЦ ќе им наштети на бугарските интереси и дали треба да реагира Софија, Крастев потсетува дека тоа прашање не се актуелизирало во времето кога СПЦ ја создала ПОА на територијата на денешна Македонија.

– Остана неодговрено прашањето зошто тогаш БПЦ го призна тој факт и не реагираше. Излегува дека ја признава ПОА под СПЦ и Јован Вранишковски – вели Крастев.
За молкот во Бугарската црква за барањето за признавање од МПЦ, Крастев вели дека Софија стравувала да не дојде до расправија со српскиот патријарх. Тој забележува и што бугарскиот владика Кипријан, кој ја преводи комисијата на БПЦ што го разгледува македонското црковно прашање, неодамна бил во Москва на сослужение со архиереи на РПЦ, која покрај за украинската, има негативен став и за авфтокефалноста на црквата во Македонија.

Крастев смета дека БПЦ треба да ја признае МПЦ, а се додека чека и се двоуми, се зголемува влијанието на СПЦ и на Фанар, со што БПЦ ги губи православните браќа во Македонија.

– Имињата и историјата се важни, но мора да се гледа сегашноста и да се бара реално решение. Националистичките напади не се од помош. Што би пречело да постои МПЦ која ќе биде најблиската црква на БПЦ на Балканот? – наведува Николај Крастев и оценува дека признавањето на македонската црква ќе биде позитивен чин и нема да му наштети на бугарското историско наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This