Бугарите спpeмни да му напpaвaт статуа: 3aeв со глoгoв koлeц во cpцето го yништи мaкeдoнизмот на Лaзo Koлишевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев ја претвори бесмислената македонска националистичка спирала во македонските односи со Бугарија во совршен круг и ја затвори со величествен потег, ставајќи крај на нашето безумие.

Ова го пишува Владимир Перев во својата колумна за бугарскиот дневен лист Труд. Еве како Труд го преставува Перев пред своите читатели:

Авторот е македонски Бугарин, поранешен ТВ-новинар. Перев студирал право во Белград, Загреб и на Универзитетот во Скопје. Тој работеше во Македонската национална телевизија од 1968 година, но беше отпуштен во 2004 година за неговите пробугарски активности.

И сега со интервјуто на Заев ние од “мртвите” ги станавме сите бугарофили и бугари во Македонија кои по кој знае кој пат ќе мислат дека се овие нивните “пет минути” и ќе можат да им ги наплатат на Македонците сите нивни историски фрустрации.

Но читајте што во својата колумна во Труд пишува Перев:

Ако државниот македонизам, кој се популаризираше на 2 август 1944 година во Прохор Пчински, беше историско дело на КПМ, поддржано од Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), тогаш интервјуто на Заев беше глогов колец во срцето на повампирениот македонски комунизам и отворање на нови патишта кон слободен европски свет, пишува Перев и додава:

Кога го видов Заев во интервјуто на БГНЕС, се сетив на заборавеното дело на Гогољ, Тарас Буљба. Несреќниот Тарас го убива својот син Андреј, само затоа што е тој лудо заљубен во една пољакиња католичка и преминува на полската страна, против неговиот татко и против неговите браќа православните козаци. Како во заплетот на една античка драма, Тарас го убива својот син со зборовите „Јас те родив, јас ќе те убијам“. Комунистичката партија на Македонија на Лазо Колишевски го „роди“ македонизмот, а нејзината наследничка, СДСМ, предводена од сегашната елита, го „уби“ тој некритички македонизам. Прашањето е дали сега или тогаш, на 2 август, се случи или се случува „нашата“ античка трагедија.

Според Перев: Кога го гледа интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев, дадено за бугарската агенција БГНЕС, човек останува со впечатокот дека присуствува на ново, величествено откритие, настан што некако создава чувство дека сте лично присутни во офанзивата на Нормандија, на „најдолгиот ден“, денот на падот на третиот рајх или падот на берлинскиот зид, што сите го мразиме.

Перев жали што Заев сега ја игра рољата што тој очекувал историски да ја одигра Љубчо Георгиевски. Затоа својата колумна ја завршува во тој стил:

Искрено кажано, очекував овие историски зборови и ставови за нашите односи со Бугарија, стојалишта што го отвораат тесниот пат кон нашето сопствено македонско национално помирување, да ги каже Љубчо Георгиевски. Сигурен сум, дека тој тоа ќе го стореше многу поелегантно и безболно за македонските „патриоти“, кои се нурнати во сопствените илузии за нашето „ариевско“ и не знам какво друго историско потекло и јазик. Но, „времето ги продава дрва“, а времето на Георгиевски не беше најдобро за ваквите тврдења.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This