БУГАРИЈА ИМА ПРОБЛЕМ СО НОВИОТ УСТАВ НА СЕВЕРНА: Красимир Каракачанов е гневен на владата на Заев за влезот на историската синтагма „Фашистичка Бугарија“ во Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Причината поради која бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов е гневен на владата на Заев е влезот на историската синтагма „Фашистичка Бугарија“ во македонскиот устав. Ова следи само една година откако Софија и Скопје се договорија таа да биде избришана од сите јавни македонски документи и Бугарија да не биде поврзувана со фашизмот.

Конкретно Каракачанов е лут на делот од Прогласот на АСНОМ кој е стане дел од Уставот а во кој се зборува за „Бугарски фашиски војски“ како што тогаш се користел зборот фашистички.

ПРОГЛАС МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ!

Пред победоносниот поход на геројската Црвена армија, отпадна од крвавиот Хитлеров сојуз и фашиска Бугарија — таја гнасна слугинка на империјалистичка Германија, која повеќе од три години го породуваше и грабеше македонскиот народ. Јуначката трогодишна борба, која македонскиот народ, заедно со братскиот српски народ, ја водеше против бугарските фашиски хорди, што јурнале во македонската и српска земја да колат и грабат за смет-ка на берлинските банкари и барони, заврши со голем успех.

Разјадена од силните удари на нашата Народно-ослободителна војска на Југославија, бугарската завоевателна клика, на чело со Кирил, Филов и Михов, не можеше да се одржи пред општонародниот борбен вал на братскиот бугарски народ, кој одлучно ја зеде судбината на Бугарија во свои раци.

Фашиската, империјалистичка Бугарија згина од Балканот за секојпат!

Сатот за полното и коначното ослободување на милата ни татковина Македонија удри!

За официјалната Бугарска историографија, источнниот сосед никогаш, ниту од 1941 до 1944 не бил окупатор на Македонија туку ослободител на загубени териториии.

Влезот на „Прогласот од АСНОМ“ во кој се зборува за фашистичка Бугарија е директна навреда за историјата, за Бугарија и значи поблекување на Скопје од Договорот за пријателство, вели забугарски научник близок на дел од партиите кои ја составуваат владата во Софија.

Една од опциите е Борисов да реагира кај својот македонски колега Заев да го повлече прогласот од АСНОМ од уставните амандмани, што е малку веројатно затоа што Софија ќе направи се да го испочитува барањето од ЕУ и НАТО да не го урива Преспанскиот договор како важен регионален проект.

Каракачанов но и претседателот Румен Радев, веќе побараа итна седница на владата во петокот, на која би се создале насоки како да се спречи влезот на Прогласот на АСНОМ во Преамбулата на Република Северна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This