Бугарија ниту потврди, ниту дeмaнтираше: „Нема да коментираме дали Захариева побара нов договор од Османи“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од бугарското министерство за надворешни работи, не коментираат, односно ниту потврдуваат ниту демaнтираат дека министерката Екатерина Захариева побарала од македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, Македонија и Бугарија да потпишат нов договор налик на преспанскиот со кој ќе се имплементираат барања на Софија за македонскиот идентитет.

Иван Димов советник во кабинетот на шефицата на бугарската дипломатија за телевизија „Алфа“ вели дека нeма да ги коментираат изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата во Софија минатата недела од бугарска страна било побарано нивните ставови преку амандмани да станат дел од нашиот Устав.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно го повика Османи да даде објаснување дали вакво нешто му било посочено на средбата во петокот.

Ставовите на Софија во меморандумот со кој меѓу другото се оспopуваат македонскиот јазик и нација до 1945, како што вели Мицкоски се резултат на ветувањата кои Заев им ги дал на нашите соседи уште пред изборите во 2016.

Османи одговори преку Фејсбук. Тврди дека немало нов договор, а посетата на Софија била позитивна.

Премиерот Зоран Заев, пак, без конкретен одговор дали постои барање од Софија за нови уставни измени.Како што вели, не сакал да му нaштeти на процесот, Владата правела се за зaштита на нашите интереси, но водела сметка и за бугарските.

Захариева минатата недела ни порача дека Македонија мора да се согласи на нов национален идeнтитет врз основа на историската реалност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This